петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Намален водостојот на Охридското и Преспанското Езеро

Намален водостојот на Охридското и Преспанското Езеро

Водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро е намален за еден сантиметар во однос на вчера, а кај Дојранското Езеро е ист со вчерашниот, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со последната измена, Охридското Езеро се наоѓа на нултата кота, кај Преспанското Езеро нивото е за 93 сантиметри пониско од просечното, додека кај Дојранското Езеро е за 2,93 метри повисоко од повеќегодишниот просек за мај.

Понсики од просечните се и водостоите на речиси сите реки во земјава, со исклучок на Бабуна на мерното место кај Богомила, а бележат и благо намалување во споредба со вчера.

Најнови вести