Медицински сестри од Здравствениот дом во Битола, вработени на договор на дело преку Јавниот повик од Министерството за здравство кои почнаа со работа во ноември 2019-та година, веќе не работат иако пандемијата на коронавирус уште владее и на пациентите им треба помош.
Имено, тие месец ипол седат дома, без работа и чекаат нова согласност заради продолжување на договорите за работа.
Медицински сестри наместо да помагаат на колегите здравствени работници и да бидат таму каде што најмногу се потребни за пациентите, тие бараат решение за своите проблеми. Но, надлежните не покажаа интерес ниту волја.
Како што дознава КУРИР, од Здравствениот дом во Битола немаат никаков одговор на барањето, а од Министерството за здравство телефонски добиле одговор дека ќе им бидат продолжени договорите. Тоа уште се нема случено.
Од Министерството за здравство, пак, велат дека за продолжување на договорите за 2021-ва година за овие медицински лица, потребна е согласност од Министерството за финансии.
-Бараме од министерот за здравство Венко Филипче во најкраток можен рок да се среди целата процедура околу договорите за нас, медицинските сестри кои работевме во време на пандемија, а сега сме пуштени дома и чекаме согласност која не може да се среди веќе два месеци, велат медиоцинските сестри во изјавата за КУРИР.