Хибридниот режим на Зоран Заев на дело. СДСМ нема ниту „Д“ од демократија. Додека во секоја демократска земја после секоја афера и скандал следува оставка и одговорност Драги Рашковски се уште ужива на одмор во Мексико. После афери како „Леонардо“ и „Софтвер“ се уште не дава оставка напротив арогантно бара и повикува на тв дуели. Наместо да глуми СДСМ демократија на внатрепартиски избори со еден кандидат потребно е да превземат одговорност.
Во текот на вчерашниот ден видовме како СДСМ организира избори, преку брутална злоупотреба на партиските и државни ресурси за партиски цели. За првите директни внатрепартиски избори СДСМ ги злоупотреби државните ресурси, тие се одвиваа во училишта, градинки, ккао и домови на културата низ цела Македонија.
Цела година помина откако излезе аферата „Леонардо“ тешка 7 милиони евра, а нема епилог! Драги Рашковски му заврши секретарувањето во Владата без правен епилог за местење тендер, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека лани на 4 јули постапка отвори Државната комисија за спречување корупција, а на 19 септември постапка отвори Јавното обвинителство.
И додека во фокусот е уште една афера за Рашковски со скандалозната набавка на сообраќајниот софтвер кој што самиот го патентирал тој ужива на одмор во Мексико.
Претходната влада на Заев купила софтвер што ќе овозможи автоматско казнување. Ама изминаа повеќе од осум месеци од датумот кога софтверот требало да биде испорачан, а камерите не изрекуваат казни. Потрагата по одговорот зошто, отвора дополнителни дилеми. Софтверот не го купил надлежниот ресор МВР, туку Генералниот секретаријат на Владата – тогаш предводен од Драги Рашковски.
Огласот бил распишан во ноември 2019 година, се пријавиле три фирми, а со победникот „Инвока гроуп“ бил потпишан договор вреден околу 81 000 евра во февруари 2020 година. Софтверот, кој треба да одредува брзина, локација, регистарска табличка и да регистрира прекршоци, како на пример, поминување на црвено, требало да биде испорачан најдоцна во јули 2020 година.