Јаболкото има најмногу пестициди од сите други видови овошје и зеленчук, а потоа се јагодите, грозјето, праските, спанаќот и благите пиперки.
Овие резултати се од истражувањето на американската непрофитна еколошка организација ЕВГ, а загрижува податокот дека остатоци од пестицидите не можат потполно да се отстранат ниту со темелно миење. Најновата листа „12 најотровни” за 2015 година стручњаците ја направија врз основа на анализа на остатоците од пестицидите, а ја спроведе американското Министерство за земјоделие и ФДА, значи станува збор за увезени овошје и зеленчук.
Конвенционалната метода за одгледување овошје и зеленчук користи стотици пестициди за да ги уништат потенцијалните штетници и за да се зголемат приносите. Научната заедница многу пестициди ги поврзува со зголемената интенција на карциноми, неплодност, психички пореметувања и сл. Додека за други допрва се открива евентуалното штетно делување. Затоа корисно е да се знае кои производи содржат повеќе пестициди од други и како да постапуваме со производите за да можеме да ја намалиме концентрација на пестициди – предупредуваат нутриционистите.
Биолошко одгледување
Општо е позната штетноста на пестицидите и за нив важи правилото дека треба да се избегнува количество кое се илјада пати помало од она кое е утврдено дека е отровно. Студија која е спроведена во САД во 2009 година открива дека во крвта на дури 40 отсто од американските деца има барем еден пестицид на ново кое е значително повисоко од одредената гранична вредност илјадапати помала од токсичната концентрација.
Поради малата телесна маса децата се особено ризична популација, зашто и малите количества токсични пестициди можат да имаат штетен учинок на нивните органи и системи.
Доенчињата и малите деца се многу осетливи на пестициди, па затоа е пожелно мајката и потоа детето да јадат храна која е органски одгледана. Но, бидејќи таа храна е поскапа од онаа која е конвенционално одгледувана, и не може секој да си ја дозволи, корисно е да се знае кое овошје задржува најмногу пестициди, а кое најмалку.
Миење и лупење
Иако пестицидите можат да допрат и до овошката, најмногу се задржуваат на кората, односно на површината. Траги од пестицидите во самото овошје или во зеленчукот со термичка обработка веројатно ќе се разградат, зашто новите групи пестициди се многу термолабилни.
Истражувањата покажуваат дека пестицидите можат да се измијат со вода. Затоа се препорачува овошјето и зеленчукот да се мијат темелно, да се лупат или да се истријат со четка, или да се изгребат за да се отстрани горниот слој (како кога лупите моркови со нож).
Листа на 12 најотровни
1. Јаболка – од сите примероци кои биле земени за испитување, 99 отсто биле позитивни на пестициди; содржат дури и до 56 видови различни хемикалии.
2. Праски – дури 85,6 отсто различни видови праски на пазарот содржат два или повеќе видови пестициди, а 57 видови различни хемикалии.
3. Нектарини – секој примерок од увезените некатарини позитивен е на некој вид пестициди, а 90,8 отсто од нив содржи два или повеќе видови пестициди.
4. Јагоди – во нив се откриени 13 различни видови пестициди.
5. Грозје – на еден примерок пронајдени се дури 15 видови пестициди.
6. Целер – контаминиран е со 13 хемикалии.
7. Спанаќ – содржи различни комбинации пестициди.
8. Блага пиперка – речиси 69,4 отсто од тестираните пиперки содржеле повеќе видови пестициди.
9. Краставици – третирани се со дури 68 различни пестициди.
10. Шери домати – еден примерок од овие домати е загаден со дури 13 хемикалии.
11. Грашок – еден примерок е третиран со 13 видови хемиски средства.
12. Компир – компир со просечна тежина има повеќе пестициди од која било друга храна.
Егзотичните видови се најчисти
Од тестираните овошја и зеленчуци авокадото е најчисто. Само 1% од сите тестирани видови авокадо на пазарот покажало траги од отровни хемикалии.
Слично е и со другите егзотични овошја. Дури 89% испитани ананаси, 82% киви, 80% папаи, 88% манга и 61% дињи не покажале траги од пестциди. Ниту едно овошје или зеленчук од листата на 15 најчисти немало повеќе од четири видови пестициди.
Освен егзотичното овошје, чисти се зелката, боранијата, лукот, кромидот, аспарагусот, црниот патлиџан, карфиолот.