4 ден наркобосовите од Грчец се во бегство. Спасовски кој со нив се сликаше по кафани молчи, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-МВР под Спасовски е целосно неспособна. Протекуваат информации и за најситни дилери на дрога, па до наркобосови. Системот не функционира. Луѓето со кои цел државен врв се сликаше по кафани биле водачи на нарко кланови, а друштво им правеле Спасовски, Пендаровски и Вице Заев. Друштвото на врвот на власта со нарко босовите и сликите по социјалните мрежи им дава сила и влијание во подземјето, потенцираат од партијата.
Од таму додаваат дека наместо да се борат против организираниот криминал, Спасовски и Пендаровски се сликаат со најголемите претставници на истиот.
Дали другарувањето на Спасовски и Пендаровски ск наркобосовите е причина зошто наркобосовите се сеуште недостапни за полицијата?
Спасовски да даде одговориили да си поднесе оставка веднаш.