понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Народот се бори да обезбеди храна, се е поскапено“

„Народот се бори да обезбеди храна, се е поскапено“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Јади бурек“ на ТВ Сонце истакна дека народот во Македонија се бори да обезбеди храна затоа што се е поскапено, нема куповна моќ, а инфлацијата е двојно поголема од еврозоната и тоа н и покажува дека не е увезена како што сака власта да прикаже.

– Ближиме до 20% инфлација. Основните прехранбени производи се главните генератори на таа инфлација во Македонија статистички гледано. Поскапени се производите и по 30-40% и тоа основните како лебот, млекото, брашното, зејтинот. Тие се главниот генератор на таа инфлација, не дека таа е увезена како власта што се обидува да каже, рече Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека не може да биде толку висока инфлација увезена затоа што во еврозоната е 9-10%, а кај нас двојно поголема.

– Оние основни артикли за кои зборуваме цената е 30-40% а можеби и повеќе зголемена. Можеби кај облеката и обувките нема толкава инфлација, ама народот веќе не е куповно можен за да купува. Сега народот се бори да се прехрани и тоа е суштинскиот предизвик за луѓето, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека народот е свесен и тоа ќе се види на следните предвремени парламентарни избори, бидејќи огромно мнозинство граѓани сметаат дека оваа влада е лоша и треба да си замина

Најнови вести