петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Народот во затвори, мафијата во фотељи“: Граѓаните сплотени на протест против власта

„Народот во затвори, мафијата во фотељи“: Граѓаните сплотени на протест против власта

„Доле мафија, правда сега“„Народот во затвори, мафијата во фотељи“, „Талибанска Влада“, „За тегла ајвар затвор, за убиство кај Млечен слобода“!

Ова се само дел од пораките кои вечерва народот ги испрати  на масовен протест во центарот на Скопје.

Граѓаните се сплотија на голем протест против неправдите, реваншизмот и политичкото насилство.

Протестот беше организиран од ВМРО-ДПМНЕ.

-Мафија на власт, колку повеќе тоне во својот криминал и корупција, толку повеќе удира по својот народ и политичките неистомисленици. Оваа власт во недостаток на успеси и во услови на секојдневни порази на секое поле, сѐ повеќе се врти кон политички прогон и застрашување. Министерот за неправда наместо да прави реформи, јавно се заканува и им прејудицира казни на сите кои не мислат како Заев. Тоа е таа Заев-неправда по рецептот јавно да се најавуваат пресудите и од страна на Заев и од страна на министер за правда и од страна на обвинители и судии. Мафијата работи по принципот, МАФИЈА ТЕ ТУЖИ,МАФИЈА ТЕ СУДИ, порачаа во повикот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести