петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Наумоски на седница на совет со полиција сака да ги заплаши советниците и граѓаните кои се против урбаното дивеење во Ѓорче Петров“

„Наумоски на седница на совет со полиција сака да ги заплаши советниците и граѓаните кои се против урбаното дивеење во Ѓорче Петров“

СДСМ продолжува да се изживува врз ѓорчепетровци и да нема слух за нивните реални проблеми. Советничката група на СДСМ е директен заложник на Александар Наумовски и ги исполнува неговите желби за негов личен финансиски бенефит, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Ѓорче Петров.

-На денешната седница на Советот на општина Ѓорче Петров советниците од ВМРО-ДПМНЕ побараа присуство на градоначалникот Александар Наумовски и ставање на дневен ред на точката – Ревидирање на ДУП СЗ 24, со што побараа да се намали катноста на зградите и укинување на одредбата која што дозволува висина од 58 метри или 17 ката; Да се намали бруто развиената градежна површина која сега изнесува над 90000 метри квадратни и 800 станови; Намалување на опфатот на градежна површина, а зголемување на површината на зеленилото. Барање кое беше одбиено од СДСМ. Барањето за ставање на точката на дневен ред беше нелегитимно одбиено, и истото претставува крајно лицемерие. По двете барања на седницата се приклучија и претставниците на Иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров кои на 16.09.2020 поднесоа барање за ревидирање на ДУП-от во општина Ѓорче Петров, поточно СЗ 24 во месноста Јурија во Дексион, стои во нивното соопштение.

Од таму додаваат дека и претставниците на Иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров побараа одговор од претседателот на Советот на општина Ѓорче Петров зошто во изминатиот период на неколку пати точката не се става на дневен ред и со самото игнорантско однесување придонесуваат за бес кај засегнатите граѓани. Претседателот на Советот, Илија Спасовски ја отфрли можноста и овој пат да ја стави точката на дневен ред, а со тоа повторно покажа непочитување на потребите на граѓаните и го затскрива главниот застапник на урбаната мафија, Александар Наумовски.

-Градоначалникот и локалната власт во недостиг на аргументи за барањата на граѓаните, повикаа полиција со цел да создадат страв и паника, како кај советниците на ВМРО-ДПМНЕ, така и кон претставниците на иницијативата. Дополнително беше повикано и приватно обезбедување со цел заплашување на советниците и граѓаните. Насилието кое денес го демонстрираа е знак дека се исплашени од граѓаните и дека се што прават го прават со сила и без општ граѓански консензус. Советничката група на СДСМ со нејзиното поддржување на ДУП-от за СЗ 24 во месноста Јурија во Дексион, директно соучествува во урбаното дивеење на Александар Наумовски, со што се потврдува тезата дека градоначалникот директно е вмешан во урбаниот криминал во општина Ѓорче Петров. Претставниците на Иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров најавија нови протести и блокади против урбаното дивеење, велат од партијата.

Најнови вести