сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Навивачите од Македонија кои ќе сакаат да одат на ЕУРО идното лето ова мора да го знаат уште сега- „Визер“ со важна информација за нив!

Навивачите од Македонија кои ќе сакаат да одат на ЕУРО идното лето ова мора да го знаат уште сега- „Визер“ со важна информација за нив!

Авиокомпанијата „Визер“ соопшти дека воведе специјални летови за Скопје – Букурешт за македонските навивачи по повод Европското првенство во фудбал, авионските билети веќе се ставени на продажба.

Два од трите натпревари на Европското првенство, Македонија ќе ги одигра во Букурешт, по тој повод авиокомпанијата „Визер“ пушта осум дополнтелни летови за романската престолнина.

„Визер закажа и пушти во продажба осум летови меѓу Скопје и Букурешт за следното лето за фудбалските фанови кои ќе се упатат кон романскиот главен град за ЕУРО 2020 фудбалското натпреварување, кое се одложи за една година поради пандемијата од коронавирус. Македонија се квалификуваше за големиот фудбалски настан по прв пат и ќе игра групни натпревари во Букурешт и Амстердам. Визер ќе има летови од Скопје до главниот романски град на 13. јуни, 14. јуни и 17. јуни. Вкупно три лета ќе има на 13. јуни меѓу двата града, еден ќе има на 14. јуни и четири на 17. јуни. Македонија своите натпревари во Букурешт ги игра на 13. и 17. јуни. Билетите се достапни за купување преку нашата веб страница“, стои во соопштението на „Визер“.