вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Наводно самохраниот татко од Велес ќе биде гонет за измама?

Наводно самохраниот татко од Велес ќе биде гонет за измама?

Адвокатот Јанаки Митровски најави тужба за измама за велешанецот Тале Витанов кој е во фокусот на јавноста поради тоа што лажно се претстави во емисијата „Срце на дланка“, па се собираа донации за да му се помогне.

-Преварантов од Велес би да го гонам за измама. Ако има заинтересирани кои донирале пишете ми, објави Митовски.

-Треба да се гонат тие што снимиле таква репортажа без да направат ни најмало истражување, се надоврзува еден корисник на социјалните мрежи.

-И тоа што одеше на национална телевизија. Одговорност од телевизијата и од авторот на емисијата!, вели друг.

Кога се објавува социјална приказна, нели должност на новинарите е да истражат дали има приказна со вистина или некој лаже. Многу лесно можело да се провери дека човекот фигурира во евиденција на МВР и дека нешто друго се крие зад оваа приказна, се согласуваат револтираните граѓани кои донирале.

Жално е што сега заради ваков профил на лик граѓаните ќе бидат со резерва дели треба да помогнат… Среќа во несреќа е што приказнава ни покажа две лица, дека има преваранти на секој чекор, но дека се уште има хумани и добри луѓе…

Апелот за помош го пренесе и нашиот портал, но денеска во јавноста излегоа информации дека Тале Витанов всушност не е толку сиромашен и дека има жена, и дека ја искористил емисијата за да собере донации од хумани граѓани.

Најнови вести