Времето во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места се очекува да бидат пообилни (над 25 л/м2), а локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
Дневната температура ќе се движи од 10 до 16 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд со дневна температура до 16 степени.
Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна и влажна воздушна маса која ќе предизвика пообилни врнежи од дожд (над 25 л/м2), кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.