Вистински хаос трае речиси со денови и недели во делот на МТВ каде се подигнуваат готовите лични карти и пасоши.
Како и секојдневно така и денеска во било кој период од денот сликата е иста.
Наш читател кој во моментов е на лице место вели дека денеска три пати се обидел да отиде во текот на денот, но гужвата била иста во текот на целиот ден.
Полицајците буквално се рашетуваат наместо да спроведат ред.
-Вработените додека креваат раменици, граѓаните меѓусебно се расправаат за редот и држењето на дистанцата. Ова не е држава, веќе е докажано во неколку наврати…, ни раскажува нашиот читател.
Тој вели и дека за пасош чека веќе еден час, а дали ќе успее да го земе до крајот на работното време на втората смена во 20 часот не знае ниту самиот.
-Не се почитува ниту носењето на маските, а полицајците за спроведување на редот и мирот не мрднуваат со прст, дури и преку ред пуштаат нивни познаници.