Американскиот амбасадор Џес Бејли му пишал на претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев дека е разочаран од секојдневните информации што стигнувале до него дека судии носеле пресуди и одлуки за притвор под диктат на амбасадата на САД, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори од судот.
Џолев им ја пренел содржината на писмото на судиите, во кое Бејли предупредил дека тоа е тешка злоупотреба и лажење од страна на судиите.
Писмото е испратено и до министерката за правда Рената Дескоска, претседателката на Апелациониот суд Лидија Димчевска, претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски и до претседателот на Врховниот суд Јован Вангеловски.
Владата на САД има инвестирано речиси 30 милиони долари од 2002 година за подобрување на судскиот сектор во Македонија.