вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Не тргајте кон Грција: Трите гранични премини ќе бидат затворени

Не тргајте кон Грција: Трите гранични премини ќе бидат затворени

Од ноќеска на полноќ 24 часа ќе биде во прекин сообраќајот на трите гранични премини кон Грција.

Денеска од страна на грчките гранични полициски служби добиено е известување дека поради најавениот штрајк на грчките царински работници во текот на утрешниот ден сообраќајот на граничните премини со оваа соседна земја ќе биде во застој.

Имено, според добиеното известување, на Граничниот премин Меџитлија  утре од 00,00 часот до 24,00 часот, на грчкиот дел од преминот ќе биде во прекин целокупниот сообраќај за патнички и товарни возила, како и автобуси.

Истото ќе важи и за Граничниот премин Стар Дојран каде што штрајкот ќе започне утре во 05,00 часот а ќе трае до задутре (31.05) до 05,00 часот, а ќе бидат пропуштени патнички возила само во одредени исклучителни, односно итни случаи.

И за Граничниот премин Богородица најавен е штрајк на грчките царински службеници во периодот од 07,00 часот утре до 07,00 часот наредниот ден.

Најнови вести