четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Недопустливо е притвореникот Катица да пишува до обвинителството каде да одат предметите“

„Недопустливо е притвореникот Катица да пишува до обвинителството каде да одат предметите“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во вестите на Алфа истакна дека недопустливо е притвореникот Катица да пишува до обвинителството каде да одат предметите.

-Маневарот можеби е очекуван за тие кои што се во процесите но не на ваков начин каде што притвореник пишува допис до оние на кои што е претпоставен, практично наредува да предметите кои што ги работат без разлика дали се во судски процес, истрага, предистрага направена после дадениот законски рок кога требале обвинителите помошниците на притвореничката да ги отпочнат и да ги завршат да ги предадат до јавното обвинителство и тука се отвараат многу правни дилеми и многу недоследности. Тоа впрочем го коментираат експертите во текот на денешниот ден, тоа го коментираат луѓето од фелата, адвокатите, обвинители, судии и според моите информации жесток бил притисокот од страна на владата до ОЈО да излезе со еден ваков став во рамките на тие три дена мора да се произнесе ОЈО, потенцираше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Најнови вести