четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Недостасуваат специјалисти, а тој по медицинска биохемија распределен како диспечер во Итна помош 

Недостасуваат специјалисти, а тој по медицинска биохемија распределен како диспечер во Итна помош 

Тројца лекари кои завршиле специјализација по медицинска биохемија, кадар кој го нема во поликлиниките, наместо да бидат распоредени во лабораториите тие се преместени во службата за итна помош.

Едниот е на работно место диспечер, друг оди на терен во домашна посета или итна помош, третиот е прераспределен во ноќна служба или на дежурства во поликлиника Чаир.

Практично од  десетина организациони единици на Здравствен дом Скопје во само една од нив има доктор специјалист по медицинска биохемија и тое е во Ѓорче Петров, а во останатите работат само биохемичари.

Во здравствената установа во Ченто, која покрива четири општини Гази Баба, Илинден, Петровец и Арачиново,  кои имаат околу 120 илјади жители пак нема ниту биохемичари. Таму работи биолог, па дел од испитувањата воопшто не се реализираат.

Специјализантите  откако ќе ги завршат сите турнуси од специјализацијата, на крај полагаат специјалистички испит. Но, на истите не им се плаќа испитот, а тоа е обврска бидејќи станува збор за специјализанти финансирани од државата.

Тоа значи дека со ова свесно им се одолговлекува специјализацијата, односно завршувањето на дошколувањето. Тоа е особено значајно затоа што во здравството има дефицит од кадри во речиси сите области.

Најнови вести