„Една честитка да не се знаело да се напише“, „Предавник број 1“, „ За греота си Николче“, „Да му се забрани на Димитов да коментира на тема патриотизам“, „Ова е победа на Македонија, не Северна“, „Толку ти е дозволено да се радуваш“, „Бруко“, „Веројатно е грешка, денеска не играше Бугарија“ , „Не ти е срам“, „Со кое лице“, „Срамота е да не смееш да си ја кажеш државата“…
Ова се само мал дел од коментарите кон објавата на министерот за надворешни работи, Никола Димитров на Твитер мрежата кои граѓаните му ги упатија вчера вечер по победата на македонската фудбалска репрезентација.
Стотици негативни коментари на објавата на Димитров кој вчеравечер напиша на Твитер „Мајсторииииииии! Бум, пам, паууууу!“.
Буквално ниеден позитивен коментар нема на објавата на министерот, а граѓаните го распукаа со реакции, дека некаде го немале за Бугарија, а со несоодветна честитка за фудбалерите се појавил на социјалните мрежи, во која „не смеел ни да го спомне зборот Македонија“ се пишуваше на мрежата.
Бројни повици и за негова оставка пишуваа граѓаните, чиј револт е очигледен по скорешните случувања со источниот сосед, а и неговото отсуство на комисиските расправи на кои беше неколку пати поканет, но не присуствуваше, а на кои требаше да даде репорт за преговорите кои се вршат со Бугарија и што точно Димитров договарал на истите на сметка на националните интереси.
Димитров ниту напиша нешто за преговорите со Бугарија, а молк има и од страна на Владата веќе цела недела за таканаречениот нон-пејпер кој што искочи во понеделникот и беше објавен од австриски новинар.
Очигледно граѓаните на твитер не се сокриваат да си го кажат мислењето колку се против политиките на Владата во однос на прашањата со Бугарија и со низа повици за оставка го поздравија Димитров и неговото однесување кон ваквите чувствителни прашања за македонскиот народ.