вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нелоска: Наумоски ветуваше чуда, а не успеа да обезбеди ништо во насока на поддршка за пензионерите

Нелоска: Наумоски ветуваше чуда, а не успеа да обезбеди ништо во насока на поддршка за пензионерите

Александар Наумоски ги заборави пензионерите кои живеат во Општина Ѓорче Петров. Ветуваше чуда, а не успеа да обезбеди ништо во насока на нивна поддршка, истакна Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Клубовите за пензионери се неколку години затворени, пензионерите не партиципираат во органите на општината, а Наумоски не ги вклучува во поделбата на социјалните пакети најсиромашните пензионери, затоа што дури и социјалната поддршката оди по партиски клуч. Нема ништо од ветената континуирана поддршка на пензионерските клубови во урбаните и во месните заедници, реконструкција и изградба на нови клубови, рече Нелоска и додаде:

„Нема ништо од формирање стручен тим што ќе нуди бесплатна медицинска нега за неподвижни и болни лица постари од 65 години. Нема ништо од формирање служба за бесплатна достава на лекови на неподвижни и лица постари од 65 години. Нема ништо од изградба на модерени домови за згрижување и нега на постари лица, од приватни инвеститори и со поддршка од Општината, веројатно затоа што не се згради и не може да се наплати аванта“.

Во октомври, рече таа, Наумоски и СДСМ заминуваат во темните страници на историјата.

-Пензионерите заслужуваат подобар третман, а новата локална власт предводена од ВМРО – ДПМНЕ ќе им биде најсериозниот партнер. Ќе работиме заедно и со нивна целосна вклученост ќе ги реализираме сите проекти кои ќе значат решавање на нивните проблеми.

Најнови вести