Владимир Нелоски, претседател на градски комитет при ВМРО-ДПМНЕ во своето вклучување во вести на Алфа зборуваше за денешниот протест кој ВМРО-ДПМНЕ го организира под мотото „Стоп за злоупотреба на европски пари“.
-Најпрвин би сакал да им се извинам на сите скопјани кои во наредните час и половина ќе се зголеми нервозата и гужвата во сообраќајот која ја имаме во Скопје поради непланското гребење на улиците. Протестираме се со цел ако не може ЈО да ги слушне сите оние прес конференции и реакцијата на медиумите, можеби ќе ги слушне свирките од автомобилите од овој комвој на автомобили кој што ќе се упати тука спортскиот центар „Борис Трајковски“ до некаде до музејот на ВМРО за подоцна да доставиме одредени барања до СЕП како институција под која што спаѓа оваа Национална агенција. Но воедно да го повикаме ЈО конечно да се освести, конечно да се разбуди. Не може да имаме еклатантни неколку примери, ова не е за една работа кога збориме за корупцијата и криминалот во оваа Агенција туку се најпрво парите кои што фалат во благајничката каса кој што се со факс и маил од директорката, а нема покритие за тие земени средства. Да не ги заборавиме парите кој што се дадени на брат на пратеник за два проекти, едно е за дресура на магариња, другото е за едукација,за избор на сирење, потоа давање на 280.000 евра давање на фризерница. На еден начин конечно да го разбудиме обвинителството бидејќи очигледно не се разбудува само и очигледно оваа преписка која што ја имаме од страна на некој си вицепремиер за корупција и самата директорка дали ќе има оставка, дали ќе има разрешување е само една димна завеса за граѓаните да не говорат за вистинскиот криминал кој години наназад еве гледаме дека се случувал континуирано во оваа агенција, истакна Нелоски.
Нелоски во своето вклучување посочи дека се надева дека доколку овој допрен глас и овие сирени кој силно ќе свирнат низ градот Скопје денес не го разбудат обвинителството ќе продолжат понатаму и тие како ВМРО-ДПМНЕ или пак одредени граѓани да поднесат и кривична пријава за нејзиното работење.