Поминаа веќе три години веќе две години откако како дојде животот тука во Неготино. Кога влегов во Неготино се чувствував како во 2017-та година, ништо се нема променето, освен што граѓаните се се повеќе разочарани, и уште се на мисла дали да останат во Неготино, или да си ја бараат среќата некаде на некое друго место. Сакам да им порачам на сите тие граѓани, и на вас, да не се откажувате, во Неготино имало достоинствен живот и повторно ќе има достоинствен живот. Тоа ќе се случи по 12-ти април, Неготино заедно со Кавадарци и Тиквешијата ќе бидат столбот на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 4-тата изборна единица во тоа сум сигурен, рече во својот говор, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски.
-Ветија дека ќе изградат студентски дом во Скопје, каде што ќе можат студентите од Неготино достојно да студираат, ветија дека ќе го подобрат животот, дека чесниот земјоделец ќе живее поубаво. Сега да ве прашам дали живеат земјоделците поубаво после три години од владеењето на Зоран Заев? Не! Одговорот е едноставен, не живеат бидејќи им беше ветувано се и сешто, само за да се дограбат до тие кожни фотељи. Токму затоа се овие денови, да ги запишете вашите идеи, вашите проблеми , за да се направи програма којашто ќе биде реална и којашто ќе го подобри животот, истакна Нелоски пред Неготинчани.
Сакам една јасна порака да упатам до сите членови на ВМРО-ДПМНЕ, но и до сите граѓани, коишто оваа хунта на власт се обидува да им се закани и на било кој начин да ги исплаши, да се борат за своите права и на 12-ти април да го кажат големото „Не“ за Зоран Заев, порача Нелоски.