сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нелоски: Селективната правда на Заев не може да донесе правна држава во Република Македонија

Нелоски: Селективната правда на Заев не може да донесе правна држава во Република Македонија

Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето интервју за „Лидер“ зборуваше за маршот кој ќе се одржи денеска од страна на ВМРО-ДПМНЕ каде главна цел е да има одговорност за сите неправди кои СДСМ и Заев ги нанесоа во државата.

Имено тој го потенцираше следново:

-Се одлучивме на ваквиот марш поради што мораме да кажеме дека неправдата не може да направи правда и дека селективната правда не може никако да донесе правна држава во Република Македонија. Ние имаме состојба каде што за едни важат едни правила, за други важат други правила. Во изминативе неколку недели слушнавме како Заев ги преговарал и договорал дел од тие работи и токму затоа ќе излезeме на еден марш се со цел да кажеме дека на граѓаните им е доста од ова „завеса“ која што Заев се обидува да ја спушти, а реалноста е сосема спротивно.

Нелоски во своето интервју кажа дека со маршот кој што го имаше СДСМ, Република Македонија е единствена држава во целиот свет каде што власта која три години ги држи апсолутно сите спреги во власта и локалната и централната власт и правосудството маршира за власт.

-За разлика од нивниот марш кој не може да се објасни, нема да имаме автобуси, нема да имаме бина од 100.000 илјади евра, туку со волјата и желбата на сите граѓани кои се незадоволни од правдата. Овој протестен марш е повик кон сите граѓани бидејќи неправдата не познава градови и општини, неправдата што ја имаме во државата е универзална, додаде Нелоски.

Најнови вести