вторник, 16. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Нема поголем пораз и признание дека власта е корумпирана од тоа странци да расчистуваат со криминалот во државата, оставки веднаш“

„Нема поголем пораз и признание дека власта е корумпирана од тоа странци да расчистуваат со криминалот во државата, оставки веднаш“

Уште еден целосен дебакл за државата е фактот дека странци ќе го расчистуваат со криминалот во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Нема поголем пораз и признание дека власта е корумпирана од тоа странци да расчистуваат со криминалот во Македонија.

Ова е само уште една јавна потврда дека токму функционерите од власта се најголемиот извор на криминалот и корупцијата во државата.

Токму за тоа, креаторите на криминалот и корупцијата во Македонија да се справуваат со криминалот и корупцијата.

Десетиците случаи за корупција кои нема никаква разрешница, секојдневниот криминал, убиства и престрелките во Скопје, македонски пасоши за белосветски криминалци и нарко босови се само дел од листата на оваа власт, која над 5 години има апсолутна власт во државата.

Спасовски и МВР се сојузници и заштитници на криминалот во Македонија и за тоа се потребни оставки од Оливер Спасовски но и од цела криминална власт на СДС и ДУИ, стои во соопштението.

Најнови вести