четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

НЕМА ВЕЌЕ ГЛАСАЊЕ ВО ТУЃО ИМЕ И ПОЛНЕЊЕ НА КУТИИ: Исполнето барањето на ВМРО-ДПМНЕ, на локалните избори со фингерпринт уреди

Повеќе нема гласање во туѓо име, полнење на гласачки кутии како и злоупотреба на изборниот процес, ова доаѓа по долготрајното барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кое денеска вроди со плод.
НЕМА ВЕЌЕ ГЛАСАЊЕ ВО ТУЃО ИМЕ И ПОЛНЕЊЕ НА КУТИИ: Исполнето барањето на ВМРО-ДПМНЕ, на локалните избори со фингерпринт уреди

Имено Државната изборна комисија на седницата денеска наведе дека е одбиена жалбата за набавка на уреди за биометриска идентификација на гласачите со отпечаток од прст, со што во наредниот период ќе се склучи договор со економскиот оператор за нивна набавка.

– Комисијата пред околу половина час доби известување од Државната комисија за решавање по жалби за јавни набавки, дека жалбата поднесена во постапката за тендерската постапка за набавувањето на уредот на биометриска идентификација на гласачите со отпечаток од прст е одбиена. Што значи дека конечно ДИК како договорен орган има правосилна одлука, односно конечна одлука во постапката. Избран е економскиот оператор и во наредниот период ќе се пристапи кон склучување на договор со него за набавка на уредите, наведоа на седницата.

Од ДИК денеска додадоа дека со тоа е исполнет и последниот услов за одржување на изборите и, како што истакнаа, се надеваат дека ќе се оствари правото „еден гласач, еден глас“.

Наведоа дека првата испорака треба да биде за околу 20 дена и тоа пет проценти од вкупниот број, од четири илјади.

– Ние имавме подготовки од два дена кои траеја по цел ден, така што сме подготвени за почеток на изборите, ја чекаме одлуката на претседателот на Собранието, Талат Џафери. По донесувањето на одлуката и добивањето од страна на „Службен весник“, веднаш ќе одржиме седница на која треба да го донесеме роковникот за спроведување на локалните избори, посочија од ДИК.

Инаку ВМРО-ДПМНЕ особено алудираше на тоа да се набават уреди за биометриски идентификација со што веќе еднаш засекогаш ќе се стави крај на изборните фалсификати во нашата земја.

Локалните избори во земјава беа распишани денеска од страна на Собранието и истите ќе се одржат на 17 октомври годинава.

Најнови вести