сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Неспоспобноста на СДСМ го загрозува безбедното снабдување со вода на граѓаните“

„Неспоспобноста на СДСМ го загрозува безбедното снабдување со вода на граѓаните“

Неделава во медиумите видовме серија на настани на државните и општинските власти по повод Светскиот ден на водата – 22 март, каде истите „апелираа“ и „спроведоа активности“за подигање на свеста за важноста на водата, се вели во Фејсбук статусот на Комисија за локална самоуправа.

– Навистина е застрашувачка состојбата во која се наоѓа Република Македонија, каде поради корумпираноста и неспособноста на СДСМ, во прашање е доведен и водоснабдувачкиот систем во многу општини во државата.
Додека властите деновиве парадираа и апелираа, заборавија да наведат неколку факти околу состојбата во која се наоѓаме на ова поле:
– Република Македонија е рекордер во загубите на вода, каде околу 65% од водата е загубена (Дебар 84%, Долнени 82%, Гостивар 81%, Охрид 72%, Крушево 71%, Кочани 70%…..), додека просекот на државите од ЕУ не надминува 20%;
– Јавните претпријатија за снабдување со вода се заглавени во долгови и истите се речиси нефункционални;
– И покрај тоа што се презадолжени и превработени, секојдневно сме сведоци за нови огласи за вработување и згрижување на партиските кадри на СДСМ;
– Застарен систем за водоснабдување во многу општини, користење на небезбедни азбестни цевки…
– Поскапување на водата вода во повеќе општини: Прилеп, Штип, Велес, Битола, Струмица, Тетово, Куманово, Охрид…
– Сериозни проблеми со водоснабдување, а актуелен е примерот со Тетово каде веќе со недели граѓани од делови од оваа општина се оставени без капка вода, пишува во објавата.

ВМРО ДПМНЕ по добивањето на довербата на граѓаните на претстојните локалните избори ќе има крајно сериозен пристап во намалувањето на овој проблем, стои во статусот на Фејсбук.

Фејсбук статус на Комисија за локална самоуправа

 

Најнови вести