понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

НЕТПРЕС: Полицискиот час за викенд пролонгиран за Заев да биде избран за претседател на СДСМ кога коронавирусот беснее

НЕТПРЕС: Полицискиот час за викенд пролонгиран за Заев да биде избран за претседател на СДСМ кога коронавирусот беснее

Министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната прес-конфренеција не објави полициски час за време на викендот, објаснувајќи дека ќе ја следат состојбата и ако ситуацијата се влоши тогаш наредната недела може да донесат одлука за порестриктивни мерки, вклучувајќи и целосно заклучување за викенд. Според него и првиот човек на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, овој бран треба да стивне.

Но, дали во сето ова и пресметан ризик, за да му се удоволи на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да ги одржи вантрепартиските избори за претседател на оваа партија во недела? А, само Зоран Заев е канидат за претседател на СДСМ, пишува Нетпрес.

-Имајќи во предвид дека бројките постојано се во нагорна линија, а вчера отидоа на речиси 1.300 новозаразени лица и 24 нови починати, а со оглед на тоа дека ќе се гласа физички во општинските организации на СДСМ, прашање е дали некој размислува за последиците, стои во текстот на порталот.

Од друга страна, вкупната бројка на заразени со коронавирусот од почеткот на епидемијата Македонија изнесува 115.222, бројката на оздравени пациенти е 99.015, на починати е 3.388, додека бројот на активните случаи на коронаинфекции во моментов изнесува 12.819.

Новиот мандат на Заев на чело на СДСМ може да испадне многу скап и да биде платен со, не дај Боже, човечки животи.

Најнови вести