Иако МВР се уште им нема издадено дозволи за работа, агенцијата „Код Секјурити Груп“ од Струмица почна да работи, објави НетПрес.
Во текстот на НетПрес се вели дека агенцијта обезбедува мобилари, кафулиња, пицерии, бутици, дискотеки… На сите објекти под нивна заштита стојат залепени етикети со нивното лого.
Како што пред две недели објави НетПрес, „Код Секјурити Груп“ ДОО Струмица е најновата агенција за обезбедување под контрола на СДСМ, а во која според порталот директно се инволвирани вработени во Шестата управа на МВР.
-Ве известуваме дека Министерството за внатрешни работи нема издадено дозвола за приватно обезбедување во вид на давање на услуги-физичко обезбедување на правното лице – Друштво за обезбедување на имот и лица „Код Секјурити Груп“ ДОО Струмица, стои во одговорот на МВР.
Повеќе на НетПрес