Бројките покажуваат дека 2020 година е најслаба во изградба на патишта. Не се гради ни еден нов автопат, Клучното прашање на сите граѓани – КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?, коментира на својата Фејсбук страница потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар НИколоски.
-Клучното прашање на сите граѓани – КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?
Одговорот е во криминалот на власта.
Како што и бројките покажуваат 2020 е најслаба во изградба на патишта. Не се гради ни еден нов автопат, постојниот кон Охрид НЕ СЕ ГРАДИ, а НЕ СЕ ГРАДАТ ни експресните патишта ветени во Источна Македонија, како ни експресниот пат ГРАДСКО – ПРИЛЕП. Одговорност ќе има!, пишува во својата објава Николоски.