„ВМРО-ДПМНЕ ја има најдобрата програма за општина Радовиш и најдобрите кандидати и за градоначалник и за советници. Убеден сум во победа на локалните избори на 17-ти октомври. Сметам дека е извесно дека Ацо Ристов е новиот градоначалник на општина Радовиш. И повикувам на масовна, голема излезност со цел работата да се заврши уште во првиот круг. Да победи во првиот круг, за да веќе од 18-ти октомври да почнат да се менуваат работите тука во Радовиш. Исто така имаме исклучително квалитетна советничка листа која што се надевам дека ќе добијат мнозинство за да има една синергија помеѓу советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот предложен од ВМРО-ДПМНЕ за да заеднички се реализираат проектите“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при средба со граѓаните во Радовиш.
Николоски додаде дека по локалните избори, се очекува и промена на владата. Граѓаните ќе го казнат СДСМ за сите штети што и ги направи на Македонија со своите штетни политики.
„Така што Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со градоначалник и советник исто така предложени од ВМРО-ДПМНЕ ќе можат заеднички да ги реализираат проектите“, нагласи Николоски.
Николоски посочи дека проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ се бројни, реални и остварливи.