четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Ако стварно Бојко му бил брат на Заев не знам зошто не го убеди да не ја блокира државата, браќа не се блокираат

Николоски: Ако стварно Бојко му бил брат на Заев не знам зошто не го убеди да не ја блокира државата, браќа не се блокираат

Ние би ги удвоиле напорите во оној момент кога би биле Влада, во моментов не сме Влада. Прашање е до оваа Влада уште колку штета ќе направи Зоран Заев? Еве, кажува дека Бојко Борисов му бил брат, самиот тој го кажува, епа браќата не си ставаат вето еден на друг. Така што доколку му бил брат не знам зошто не го убеди да не става вето на Македонија, да не ја блокира Македонија, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при гостување во централниот дневник на Сител телевизија.

Николоски додаде дека се надева дека ќе има разум во Бугарија после парламентарните избори и дека ќе дојдат нови таму сили кои што поинаку ги гледаат односите со Македонија. И дека ќе може да имаме нова политика во Бугарија која што ќе нема да ја блокира Македонија за тоа што Борисов и Каракачанов граѓаните видоа што овие двајца мислат и колку и добро мислат на Македонија.

„Владата сега го влече овој процес и природно е опозицијата да го следи тоа, но во моментов кога одредени структури би биле Влада во Бугарија мислам дека можеме да видиме едни попозитивни ветришта, за тоа што тоа се интереси на Бугарија и бугарскиот народ доколку сакаат да имаат овде пријатели, не може да имаат пријатели а во исто време да ја блокираат Македонија во својот напредок кон ЕУ“, рече Николоски.

Николоски посочи дека сестринството е во однос на некои клучни теми, но во однос на интересите национални кои што ги имаме како Македонија и како Бугарија очигледно имаме големи разлики. И тоа е тоа, ние сме пред се партија на македонскиот народ и за македонскиот национално единство.

Најнови вести