вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Целосна неспособност и неработа на оваа влада која работи само кога има нешто да украде и по цел ден смислува шеми како да изрекетира некој бизнисмен

Николоски: Целосна неспособност и неработа на оваа влада која работи само кога има нешто да украде и по цел ден смислува шеми како да изрекетира некој бизнисмен

Паралелно со оваа отворена и нескриена корупција се случува и целосно фијаско во економијата и целосно потфрлање на владините политики кои се резултат на корупцијата и на неспособноста на оваа власт. Така на пример, скоро и да помине незабележано дека Заев спомена дека се раскинал договорот со фирмата изведувач на градежните работи на експресниот пат од Велес до Прилеп, исклучително значаен за цел Пелагониски, а не Полошки Регион, како што рече Заев. Тој пат скоро и да не е помрднат од мртва точка по промената на власта. Како што го затече СДСМ, така и го остави.

Ова го пишува Александар Николоски во својата колумна за „Независен весник“.

„А сега веројатно изведувачот ќе тужи за раскинатиот договор, па ќе треба и пенали да плаќа државата. Слична е состојбата на секаде низ државата, експресниот пат Штип – Радовиш стои во место, по трасата на автопатот Охрид – Кичево порасна трева и никој не работи, нема на повидок никакви активности околу автопат Скопје – Блаце или автопат Кичево – Гостивар. За железница ништо не сме слушнале. Соседите одамна не претекнаа со инфраструктура така станувајќи привлечна дестинација за странските инвеститори. Генерално една целосно неспособност и неработа на оваа влада која работи сако кога има нешто да украде и по цел ден смислува шеми како да изрекетира некој бизнисмен. За жал, ја донесоа државата во ситуација да станува пример за студенти од скандинавските земји кои работат свои магистерски или докторски тези за корупција. Дно од кое нема подолу.

Во целата оваа неспособност и криминал младите ги пакуваат куферите во еден правец, за жал, затоа што ситуацијата станува таква што се губи секаков ентузијазам за успех.

Тажна приказна која само покажува колку една власт во само неколку години може да уништи цела држава. По следните предвремени парламентарни избори, неминовно ќе има одговорност за ова и политичка и судска. Затоа што само тоа е начинот да се дојде до нула. А потоа, со многу посветеност и работа, да се придвижат работите напред, за куферите да се полнат за патување кон Македонија, а не за рекет или за патување надвор од Македонија“-пишува Николоски.

Најнови вести