Мислам дека Бугарија континуирано води иста и по мене погрешна политика. Они 150 години водат иста политика, не е од вчера политикава. И нивната филозофија е дека тие на запад се граничат со сами себе. Односно да ги поедноставиме барањата на Бугарија, Бугарите бараат да прифатиме дека ние сме Бугари кои што зборуваат на дијалект на бугарски јазик“,истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Јанко, јади бурек“.
Николоски додаде дека таа политика Бугарија ја има уште пред формирањето на бугарската држава во 1878 година.
– Со формирањето на бугарската егзархија во 1871 година практично со одлуката на Султанот почнува таа политика на Бугарија кон Македонија, појасни Николоски.
Тој посочи дека е целосно погрешна политиката на Бугарија.
– Тие така прават проблем на Македонија да се развива. Но, јас сум убеден да имаме ние ниско ниво на корупција, да имаме сериозно ниво на реформи, Бугарија нема да блокира, нагласи Николоски.