среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти прославата на Мечкин Камен затоа што власта не дозволи народот да присуствува и целосно ја партизираше манифестацијата

Николоски: Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти прославата на Мечкин Камен затоа што власта не дозволи народот да присуствува и целосно ја партизираше манифестацијата

„Заминав од Крушево од прославата на Мечкин Камен затоа што за жал власта не се надмина себеси и организираше партиска прослава“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од Тетово при одговарање на новинарско прашање зошто делегација на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти прославата за Илинден во Крушево.

Николоски додаде дека делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ги испочитува хероите во Крушево.

„Ние ги испочитувавме хероите, бевме и на Македониум и се поклонивме пред гробот на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република. И бевме и на Слива каде што се бранеше Крушево и каде што 50-тина востаници ги изгубија своите животи. И исто така отидовме на Мечкин Камен каде што се водеше главната битка“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога стигнавме на Мечкин Камен видовме паркирани десетици автобуси и видовме многу луѓе кои што не можеа да се придвижат кон Мечкин Камен односно беа застанати. А, тоа го знаат и крушевчани во оној дел каде што најчесто полетуваат оние кои што користат параглајдери, значи на тој полигон. И тука беа застанати десетици илјади граѓани на кои што не им беше дозволено да се придвижат кон Мечкин Камен затоа што не биле на протоколарните листи односно да поедноставам не биле членови на СДСМ и не им беше дозволено да присуствуваат на Мечкин Камен. И кога стигнавме на Мечкин Камен видовме дека дел ваши колеги новинари кои што очигледно не се по волја на власта исто така не им беше дозволено да пристапат кон местото каде што можеа да се даваат изјави или да се земат снимки од настанот. А, и членови на нашата делегација исто така не им беше дозволено да пристапат“,нагласи Николоски.

Тој укажа дека дополнително на тоа имаше партиска паравојска која што беше составена од разни функционери и функционерчиња од страна на СДСМ.

„Сега еден граѓанин ме информираше дека за уште еден инцидент кој што се случил таму. Беа бројни такви директорчиња кои што и самите беа пресреќни што било каква функција добиле во животот затоа што да не било партијата не би биле ништо. А, тие директорчиња вршеа терор врз народот, го тераа народот да аплаудира кога поминува делегацијата на СДСМ и да се обраќа со погрдни зборови ако поминуваат сите други. И во такви услови јас јасно кажав дека ние немаме намера да присуствуваме на партиски митинг на СДСМ дури и не би рекол дека и на СДСМ дека беше митингот туку на врхушката која што е сега на власт, на претседателот на Владата, на министрите и на неколку луѓе околу него. За жал од власта го оскернавија настанот. И веќе од следната година ќе може македонскиот народ и сите останати кои што се заинтересирани да си го славата празникот на еден достоинствен начин без партиски стеги“, појасни Николоски.

Најнови вести