четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Едниот министер нема безбедносен НАТО сертификат заради корупција, а вториот заради соработка со странски служби кои што не се дел од НАТО алијансата

Николоски: Едниот министер нема безбедносен НАТО сертификат заради корупција, а вториот заради соработка со странски служби кои што не се дел од НАТО алијансата

Случајот со НАТО сертификатите им одговори дека е скандал министрите да не поседуваат НАТО сертификати, а нивното молчење тоа го потврди, одговори на новинарско прашање потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар николоски.

-Има две работи кои што се факт, прво дека двајцата немаат безбедносен сертификат, за тоа што да имаа ќе презентираа пред јавноста дека имаат безбедносен сертификат. И со самото тоа што двајцата потврдија дека немаат безбедносен сертификат ги потврдија наводите на ВМРО-ДПМНЕ, појасни Николоски.

Николоски додаде дека во скоро време ќе ги потврдат и наводите кои што ги кажа пред некој ден, а тоа е дали едниот министер нема безбедносен НАТО сертификат заради корупција, а вториот нема безбедносен НАТО сертификат заради соработка со странски служби кои што не се дел од НАТО алијансата. За брзо време ќе излезе и оваа вистина.

Најнови вести