На крај сме на оваа без смислена тужба за клевета од страна на Вице Заев кон мене и затоа би сакал да искоментирам нешто правно и политички. Правно мислам дека врз основа на целата доказна постапка која што ја имавме во текот на овие три рочишта како и врз основа на распитот на Вице Заев неспорно се утврдија два факти: Прво е дека е јавно личност имајќи предвид дека давал интервјуа во јавноста и дека е брат на претседателот на Владата и втората дека е дека е голем или главен бизнис фактор во државата затоа што поседува повеќе од 30 компании кои остваруваат профити и во државата и во странство со што и самиот призна, ова денеска го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски пред Основниот суд во Скопје.
-Врз основа на сите позитивни законски прописи во Македонија, членот 16 од Уставот, Законот за граѓанска одговорност и клевета, Европската конвенција за заштита на човековите права, како и одлуките на Европскиот суд за човекови права, јас имам полно право да изнесувам свои ставови и гледишта и мислења како и критики кон власта во својство на потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициона партија. Во таа насока очекувам судот да го одбие ова тужбено барање, односно да ја одбие тужбата на Вице Заев, вели Николоски.
Тој додава дека е непријатно изненаден што Вице Заев повторно не дојде тука во судот имајќи предвид дека тој го тужи него, а не Николоски него.