петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Изградба на автопат Велес-Прилеп-Битола еден од носечките проекти во програмата за ИЕ 4

Николоски: Изградба на автопат Велес-Прилеп-Битола еден од носечките проекти во програмата за ИЕ 4

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на четвртата изборна единица Александар Николовски во изјава за ТВ Сител истакна дека новоизлезените бомби не ги смета како предност, туку дека самата програма е предност.

-Мислам дека предноста треба да се стекне со програмата, ние не сме Зоран Заев, ние не објавуваме ниту ќе објавуваме преслушувани материјали и да ја потсетам македонската јавност дека Зоран Заев дојде на власт пуштајќи преслушувани материјали во кои што на пример се говореше за тоа каква боја на плочки треба да се постави во еден стан, тотално ирелевантни теми но успеа тоа тогаш да се случи како што се случи и на тој начин дојде на власт. Но меѓувремено очигледно е дека многу луѓе почнале да ги снимаат криминалите што ги правел и затоа како вели народот како дошол на власт така и ќе замине. Веројатно со снимки дојде со снимки и ќе си замине. Секако сакаме да се фокусираме на нашата програма којашто е најобемна до сега, имаме над илјада проекти кои нудат секакви решенија за цела Македонија и секако за четвртата изборна единица. И јас сум сигурен дека во четвртата изборна единица каде што тој глуми голем локал патриот ќе го победам токму дома, затоа што најнезадоволни се луѓето токму во четвртата изборна единица. Нема реализирано ни еден голем инфраструктурен објект, во земјоделието ситуацијата е катастрофална, најниски цени на откуп имаме годинава затоа што зелената мафија која што е во соработка со него го цицаат трудот и маката на земјоделците затоа сум убеден во една голема победа во четвртата изборна единица како и во цела држава, истакна Николоски.

Тој посочи дека еден од носечките проекти во програмата за ИЕ 4 е изградба на автопатот кој што ќе оди од Велес до Прилеп и од Прилеп до Битола и од Битола до грчката граница.

-Стратешки важен проект за отворање на централна и западна Македонија. Отвoрање на пелaгонискиот регион, таму се произведува околу 30 проценти од бруто домашниот производ но до сега инфраструктурно запоставен. Ова е стратешки битен проек и проект кој ќе го реализираме. Во претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ почна да се реализира потегот од Градско до Прилеп. Откако дојде Заев на власт ги избрка оние кои што го изведуваа бидејќи им наложуваше кои да бидат произведувачи таму и почна да мириса на криминал работата, луѓето си заминаа и сега патот стои така неизведен, запуштен и тоа што се направило го јаде забот на времето. И за жал мора и Прилеп и Могила и Новаци и Битола да го искачуваат Плетвар. Тоа е прв стратешки проект. Втор стратешки проект е поврзување на Струмица со Скопје преку автопат. Во моментов имаме автопат од Скопје до Штип што исто така го изведе ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ не стави една трака за да го пушти во функција, требаше истиот да продолжи со експресен пат од Штип до Радовиш. Прва фаза, втора фаза од Радовиш до Струмица, потоа поврзување на Струмица со Ново Село и бугарската граница. Ништо не се работи овие три години две камиони вртат глумат дека работат но суштински нема ништо. Тоа е нашето второ големо ветување. Отворање на две големи артерии една кон централна и западна Македонија другата кон источна Македонија. Артерии кои  што треба да го отворат стопанството за најмалку две пристаништа. За солунското и за обрачкото, а да отворат пазари на многу повеќе места со што силно ќе се развие индустријата и земјоделството, нагласи Николоски.

Во однос на земјоделците, тој додаде и дека се обврзуваат за горди земјоделци, не понижени како што се сега.

-Не може кило краставици да е 5 денари. За човек да заработи 100 евра, што во Македонија веќе не се ни многу пари човек треба да продаде илјада и двесте краставици. 1200 килограми да ги крене човек се а не да ги продава. Кромидот е паднат на 7 до 5 денари доколку има некој да го купи. За житото велат луѓето дека ќе е седум денари кило. Само да се плати и жнее некаде околу осум денари. Има неизвесност за грозјето, понатака замрзна во текот на зимата кајсијата и праската не беа луѓето обештетени за таа работа. А најболна тема е тутунот. Бидејќи Зелената мафија во соработка со власта успеа да се изглупира минатата година, да се усвои закон со кој се дозволи да се увезува тутун во Македонија пред да се откупи домашниот. Нашето основно ветување е дека овој закон ќе го укинеме и деа ни кило тутун нема да смее да се увезе ни кило тутун пред да се откупи домашниот за да не им се спушта класата на тутунарите ниту пак да им се намалува цената. Останатиот де правична цена и  гарантиран откуп преку еден голем фонд од околу 2000 милиони евра револвин обновливибезкаматни кредити кои ќе се даваат на мали и средни претпријатија кои ќе вршат откуп за да се зададе сериозен удар на зелената мафија, вели Николоски.

Тој посочи дека ќе го укинат законот за увоз на тутун.

-Еден од првите закони кои ќе ги предложиме е проверка на потекло на капитал на сите политичари и јавни личности коишто биле на функција во минатите 30 години јас го повикувам еве и тука да каже од каде муѕ е капиталот на нео и неговото семејство за овие 18 години откако е на функции пратеник, градоначалник па премиер стана најбогато семејство на Балканот. Јас четири дена го повикувам Заев да излезе да го докаже капиталот. Можел, не можел овој закон ќе се усвои за да знаат граѓаните кои работеле чесно а кој работел на криминален начин, посочи Николоски.

Најнови вести