Носителот на листа во изборната единица 4 на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николски на својата фејсбук страница сподели видео каде што кажува дека неговиот против кандидат е човек кој што ги искористува луѓето и ги пушта низ вода и ситните риби ги тера да одговараат за него, за тој да може да биде заштити.
-Мојот против кандидат е човекот кој што бараше евро за брат му ама не едно, туку помножено по 200.000 и кажа уште кој се друг платил во штедилницата кај брат му. Мојот против кандидат е човек чие што најтесно семејство вози автомобил кои вие ниту во живот, а ниту јас сме видели и кои што чинат повеќе од вкупната заработка на сите вас за 5 години заедно, вели Николоски во објавеното видео.
-Мојот против кандидат е човек кој што краде каде што ќе стигне. Мојот против кандидат е човек кој што лаже каде ќе стигне. Мојот против кандидат е човек кој што поставува директори на јавни институции кои што пари ставаат во торба. Мојот против кандидат е човек кој што организираше рекет во Република Македонија и е на врвот на пирамидата, „капо ди тути капи“ на сите криминалци во оваа држава и кој што организираше многу бизнисмени да бидат изрекетирани во вредност од преку 20 милиони евра, додава тој.
Николоски исто така истакнува дека неговиот против кандидат е човекот кој што го промени името на оваа држава, што воведе двојазичност и што тргува со историјата.
Целосното видео може да го проследите во продолжение.