Денеска претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски, оствари средба со Н.Е. Марија Виргина Мендес де Силва Пина, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Португалија, со седиште во Белград, Република Србија, која ја покрива и нашата земја.
Николоски е првиот политичар кој остварил средба со амбасадорката откако Португалија е актуелен претседавач со ЕУ, при што ја искористи можноста да упати покана амбасадорката да го посети Собранието, како и да се обрати пред Националниот совет за евроинтеграции.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, никој од актуелната власт на СДСМ не се сретна со амбасадорката на Португалија, претседавач на Европската Унија.
Со ова слободно може да се каже дека премиерот Зоран Заев е тотално изолиран политичар од страна на светските, но и од страна на Балканските лидери. Изминативе 6 месеци премиерот Зоран Заев нема остварено ниту една билатерална средба со премиер на некоја европска или светска земја.
Пред десетина дена претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Николоски остварија средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан каде што соговрниците разговараа за одличните и пријатески односи, како и за блокираните европски интеграции на Македонија. На оваа средба претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски побарал од неговиот соговорник поддршка од страна на Унгарија за одблокирање на европскиот пат на Македонија.
Исто така Мицкоски и Николоски остварија работни посети и во Република Словенија и Република Хрватска, каде што имаа средби со премиерите на овие две земји, Јанез Јанша и Андреј Пленковиќ. На овие средби се разменети искуства за светската здравствена криза со КОВИД-19, како и за економските предизвици кои се последица на оваа пандемија.