Економската катастрофата во Македонија допрва доаѓа, за жал. Сега уште сме април и во април луѓето зедоа плата за месец март, а до 15-ти март работеа и кафичите и рестораните односно цел март работеше се. Сега во мај треба да земат априлска плата, а скоро ништо не работи. Во јуни ќе треба да се земе мајска плата и јас не знам од кај ќе имаат резерви за да се исплаќа, ова го посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување.
Николоски посочи дека за да се надмине сето ова, владата на СДСМ нема никаква најава. Според него за да денес почне економијата да се олабавува во тоа ќе се почувствува после месец или два.
-Еве ќе се дозволи да се отворат рестораните, кој ќе троши во тој ресторан ако нема плата? Некој работи во некоја фабрика, таа фабрика не работи, нема плата и со кој пари ќе оди во ресторан?-праша тој.
Во врска со сето ова.односно да се намине економската криза во Македонија, Николоски потсети на мерките кои ВМРО-ДПМЕ ги предлагаше за спас на економијата, но ништо од тоа не се усвои.
-Нина групер и Мила Царовска која ја снема, мислат дека се многу паметни и дека знаат како треба да се води економија и затоа видовме до кај стигна работата. 10.000 луѓе остануваат без работа секој ден и допрва доаѓа економската катастрофа во Македонија, рече тој.
Николоски во своето гостување истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија знае како треба да се изменаџира економска криза затоа што ВМРО-ДПМНЕ добро ги имаше изменаџирано кризите во 2001 кога имаше воен конфликт, потоа во 2008-2009 кога беше светската криза година и 2011-2012 кога беше европската должничка криза.
-ВМРО-ДПМНЕ го има најдобиот тим во Македонија кој знае да се справува со криза, па само нашите предлзои да беа прифатени ние немаше да ја почуствуваме кризата, додаде Николоски.