Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител се осврна на тоа што е разговарано на средбите со премиерите од трите земји Унгарија, Словенија, Хрватска кои ги посетија со претседателот Христијан Мицкоски.
-Не можам да се сетам дека претставник на СДСМ додека беа во опозиција се среќавал со премиери, нивото е многу различно, потоа, тие ја кодошеа државата, а луѓето со кои се гледаме ние се први луѓе во овие држави имаат амбасади тука и знаат и повеќе од тоа што ќе им кажете. На пример се случуваше да ја почнеме реченицата и тие да ја довршат истата. Еве ќе кажам два примери без имиња. Кога зборувавме за блокадата на Бугарија зборувавме дека во одреден период Заев беше подготвен да попушти се во даден момент, и еден соговорник вели – а знам за интервјуто на Заев. Или кога зборуваме за корупција друг соговорник вели- а да знам дека братот на премиерот е во бизнис, рече Николски.
Тој укажа дека нивните соговорници се добро информирани луѓе, лидери на партии и премиери во земјите.