среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Секогаш кога на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија им е тешко тука се да помогнат Фондацијата Конрад Аденауер од Германија

Николоски: Секогаш кога на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија им е тешко тука се да помогнат Фондацијата Конрад Аденауер од Германија

Продолжува традиционално добрата соработка со нашите партнери од германската фондација Конрад Аденауер. Секогаш кога на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија им е тешко тука се да помогнат од Фондацијата Кондар Аденауер која е фондација на најголемата партија во Германија ЦДУ, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

„КАС ќе помогне со обуки за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, активистите на различни позиции во партијата, односот со медиумите, како и организационите елементи. Поразговаравме и за состојбата во Македонија со старо – новата крими коалиција на лагата. Перспективата на ВМРО-ДПМНЕ е во соработка со КАС, ЦДУ и останатите сестрински партии од ЕПП, перспективата на Македонија е горда и признаена членка на ЕУ со зачувано национално достоинство и гордост“, напиша тој.

Најнови вести