сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Според законот за надворешни работи, Димитров не ги исполнува условите да биде амбасадор

Николоски: Според законот за надворешни работи, Димитров не ги исполнува условите да биде амбасадор

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во денешната утринска емисија „Добро утро, секое утро“ на ТВ Алфа истакна дека крајно несериозен е пристапот на Заев и СДСМ да предлагаат амбасадори кои не ги исполнуваат условите од Законот за надворешни работи кои што и тие самите го предлагаат.

Николоски вели дека според новиот закон за надворешни работи, ниту сегашниот министер за надворешни работи Никола Димитров не ги исполнува условите за да биде именуван за амбасадор.

-Ниту Никола Димитров не ги исполнува условите за да биде амбасадор според новиот закон, рече Николоски.

Според Николоски, основа на македонската дипломатија треба да биде привлекување на инвеститори и стилулирање на извоз, што не било случај изминатите три години.

-Јас не сум слушнал во изминатите 3 години дека некој амбасадор донел странска инвестиција во Македонија, или испромовирал македонската фирма да извезува во странство. По мене основа на дипломатската работа е во големите центри да се штитат политичките интересите на Македонија а секаде останато 90 проценти на амбасадорите треба да е економска дипломатија, вели тој.

Најнови вести