И затоа оваа Влада нема легитимитет да продолжи, затоа што ќе реди само неуспеси. Првиот доаѓа веќе во јуни. Македонија, за жал, втора година по ред нема да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ. Кој легитимитет ќе го има оваа Влада да ја води државата потоа? Таков легитимитет нема. Или до крајот на годината долгот може да порасне на 55 проценти од бруто-домашниот производ највисок до сега. До крајот на годината нема да дојде ни еден нов инвеститор. Кој легитимитет ќе го има власта по тоа? Корупцијата ќе продолжи да цвета, веќе слушам дека многубројни министри и директори се спогодуваат со одредени компании како да наместат тендери. Знаат дека крајот е близу, па да ќарат што можат да ќарат. Каков легитимитет ќе има таква корумпирана власт?, ова во својата најнова колумна го прашува Александар Николоски.
Затоа ден поскоро, час поскоро, треба да се организираат предвремени избори. Избори на кои оваа власт ќе замине и Македонија ќе почне да се враќа на нормалата. Избори после кои Заев ќе замине.
Целата колумна можете да ја прочитате ТУКА.