вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски за блокадата од Бугарија: Нема европски државник кој ќе дозволи на иста маса да седи со корумпиран човек како Заев

Николоски за блокадата од Бугарија: Нема европски државник кој ќе дозволи на иста маса да седи со корумпиран човек како Заев

Блокадата која сега доаѓа од Бугарија е само последица на три години назадување на Македонија со Заев. Верувајте, нема европски државник кој ќе дозволи на иста маса да седи со корумпиран човек. Бугарија само вешто ги искористи неуспесите на Заев. Кога видоа дека не доби датум за преговори ни јуни 2018, ниту пак јуни 2019, ни октомври истата година заради недоволно ниво на реформи, решија и тие да покажат мускули пред сѐ за домашна предизборна употреба, вели во интервју за порталот МКД потпретседатело на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Моето тврдење, кое за жал се оствари, го темелев на два столба. Првиот е бројните информации кои ги добивав и ги добивам од Брисел, а второто е проценката на капацитетот за реформи на Владата на Заев. Ќе ги објаснам двата столба. Во однос на првиот, не би зборувал многу за себе, но не е тајна дека имам добри контакти и доста пријатели во Брисел и во бројни европски главни градови, пред сѐ стекнати низ години работа и комуникација со нив. Она од што сум изненаден е тесноградоста која ја покажа Владата. Имено, ниту еднаш не ме повикаа да прашаат за совет за искуство или барем како ете секогаш ја имам правилната информација. Јас бев и сум подготвен сите контакти да ги ставам на располагање на државата. Без разлика на партиска определба, целта е иста, Македонија да напредува. Но, наместо тоа, добив јавни напади и потценувања како јас, така и ВМРО-ДПМНЕ. Без желба за комуникација. Гледате како арогантно одбиваат лидерска средба да се разговара за заедничка позиција кон Бугарија или за влада за национален спас. Вториот столб е мојата проценка за капацитетот на Владата на Заев за реформи, кој според мене е речиси нула. Нема желба за борба со организиран криминал и корупција, ниту пак за суштински реформи на јавната администрација и безбедносните служби, како три основни барања на ЕУ. Напротив. Заев мислеше дека со трикови и без испорака на резултати ќе стигне до почеток на преговори само затоа што некој ќе му даде милост или награда. Тоа не се случи. Напротив удри во ѕид. Блокадата која сега доаѓа од Бугарија е само последица на три години назадување на Македонија со Заев. Верувајте, нема европски државник кој ќе дозволи на иста маса да седи со корумпиран човек. Бугарија само вешто ги искористи неуспесите на Заев. Кога видоа дека не доби датум за преговори ни јуни 2018, ниту пак јуни 2019, ни октомври истата година заради недоволно ниво на реформи, решија и тие да покажат мускули пред сѐ за домашна предизборна употреба. И за жал Македонија сега е заглавена и со оваа власт нема да се одглави, вели во интервјуто за МКД.мк потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Лично предупредував на штетата која може да се случи со потпишувањето на штетните договори. Уште во 2019 година апелирав дека заради овие договори Македонија во иднина може да се соочи со блокада од соседите, да прифатите комисија за историја да решава за иднината на државата е политички аматеризам и неприфатливо, дециден е Николоски.

-На Балканот каде што отсекогаш имаме нерешени историски прашања, да прифатите дека комисија за историја помеѓу две држави ќе треба да усогласи заеднички став за клучни историски личности, личности врз кои се создава македонската држава е нешто со што може само штета да направите на сопствената држава. Во април побарав заеднички став и изработка на стратешки документ кој ќе е обврзувачки за сите фактори во државата и ќе се користи како одговор на уцените од Република Бугарија. Наместо тоа, СДСМ се обиде да релативизира и да ја игнорира опозицијата. Сите овие погрешни политики за кои ние апелиравме ја донесоа Македонија во ќорсокак и сега имаме сериозен проблем во евроинтеграциите на државава, нешто што е од интерес за сите граѓани. Ако ВМРО-ДПМНЕ сега ја водеше владата, ќе имаше еден отворен и искрен дијалог со опозицијата и ќе правеше сѐ да изгради национална стратегија, заедничка позиција и да ги искористи најдобрите умови без разлика од која партија се, затоа што така прават паметните и успешни држави, вели Николоски.

На прашањето на МКД „Како би го решиле вие проблемот со Бугарија?“, Николоски вели дека со силна дипломатија и реформи внатре во државата и искрен однос со јасно исцртани национални позиции подржани од сите, може да ја придвижат ситуацијата на подобро од ова што го имаме во моментов од Зоран Заев.

– Силна дипломатија, реформи внатре во државата и искрен однос со јасно исцртани национални позиции подржани од сите, може да ја придвижат ситуацијата на подобро од ова што го имаме во моментов од Зоран Заев. Исто така потребно е многу да се испорача дома. Верувајте, многу повеќе притисок ќе има врз Бугарија кога Македонија ќе е средена држава со функционален систем на владеење на правото. Тоа го нема и затоа Бугарија е релаксирана да прави што сака. Потребна е и стратегија за претставување на Македонија во државите членки на ЕУ со силна промоција и лобирање. Тоа мора да се прави. Ние сме мала држава и мора да имаме агресивна промоција во државите членки на ЕУ и да соработуваме со фондации, институции, организации кои ќе лобираат за Македонија. Сето ова заедно може многу да ја поправи ситуацијата во која е Македонија. Колку има волја за ова, тоа е друго прашање. За жал ја нема кај Заев и Владата, додава Николоски во интервјуто

Најнови вести