Период кога имаме епидемија на морбили, владее грип насекаде, умираат деца, ресорното министерство и министерот молчат. Бројот на заболени секојдневно расте, а мерки не се преземаат, туку министерот најавува дека „се надева“ дека епидемијата на морбили и грип ќе се стиши.
За оваа состојба пиша и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов кој на социјалните мрежи ја објаснува реалната слика на здравството која владее во моментот во државата.
„Во ова време на експлозија на епидемија на морбили и на грип, кога болниците се под огромен притисок од ново заразени и ново заболени, и кога се прават обиди да се растеретат здравствените институции со организирање на пунктови во поликлиниките, Основните училишта во Град Скопје организираат за учениците колективни настани како посети на Музеи, театарски претстави на кои присуствуваат деца од различни училишта. Со самото тоа се допринесува за зголемување на епидемијата и уште поголемо оптеретување на здравствениот систем. Не дај боже и нови жртви од грип или морбили. Се поставува прашањето, дали има пилот во Министерство за Здравство и во Министерство за образование???“ – напиша Николов на социјалните мрежи.