петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николов: Ниту има доволно вакцини против корона, ниту има организација за аплицирање на истите

Николов: Ниту има доволно вакцини против корона, ниту има организација за аплицирање на истите

Доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „Што не е јасно“ што се емитува на телевизија Алфа рече дека битката за набавка на вакцини треба да е контиунирана.

„Што гледаме ние, организација за дочек на незначителни дози на вакцини. И во истиот ден вчера кога стигна една доза, тие продолжија со возење мотори. Токму поради ова треба да си поднесат оставки. Потребен е професионален пристап, треба да се преземаат мерки врз основа на епидемиолошки податоци. А не ова на што сме сведоци. Се прават наопаку“, рече доктор Николов.

Тој се осврна на тоа дека во земјава не е подготвено ништо и не само што нема вакцини, нема ни организација за аплицирање на оние дози кои стигнуваат.

„Гледаме каква е организацијата во соседна Србија, а тука што гледаме само нешто кажуваат, а ништо не работат. Кај нас луѓе се пријавуваат за вакцинација, а не добиваат никаква потврда. Тоа ли е таа организација кај нас за која зборува министерот“, вели доктор Николов.

Најнови вести