Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ денеска преку своја прес-конференција потенцира дека Влада треба да воведе бесплатни маски и гелови пред дуќаните, продавниците и маркетите бидејќи тоа им го должат на граѓаните, откако претходно набавуваа лубриканти, а не можат да обезбедат бесплатни маски.
-Бараме да се спроведе „специјален режим за работа„ на продавници и пазари. Ова значи да се примени праксата од развиените европски држави кои се справуваат со истите последици, односно шалтерски систем на продажба или да се ограничи влегувањето на клиентите во продавниците и стварање на непотребни гужви и непотребни редови, а се со цел да се намали ризикот и можноста за пренесување на вирусот. Воедно во овој режим би било и воведување на бесплатни маски и гелови пред дуќаните, продавниците, маркетите и сите оние места кои што се неопходни за граѓаните. Тоа им го должиме, бидејќи можеа да се набават лубриканти, а не можат да обезбедат бесплатни маски, вели Николов.