петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николовска: Дали да очекуваме пренос во живо за рушење и на другите дивоградби низ Македонија? Си ги знае власта кои се!

Николовска: Дали да очекуваме пренос во живо за рушење и на другите дивоградби низ Македонија? Си ги знае власта кои се!

Гужва под мостот кај Мавровка, сообраќајот споро се одвива, семафорите не работат, полицајци-сообраќајци регулираат сообраќај, плус присутни припадници на МВР, камиони, камери, медиуми…. си мислам нешто важно се случува или поминува некоја важна делегација… оно да ти се рушела онаа мистериозната дивоградба пред Мавровка, реагира Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Па разбрав и во живо одело рушењето…

Само не ми е јасно која е потребата од ваков театар, за нешто што е регулирано со закон??? Дали можеби власта вака нам граѓаните ни покажува дека ете работи и се спроведува законот?
Да потсетам, меѓу граѓаните има и правно едуцирани луѓе кои добро ги познаваат прописите и законите и ваквото ,,рушење кое се пренесува во живо,, ниту не фасцинира ниту ни значи нешто…

П.С. дали да очекуваме пренос во живо за рушење и на другите дивоградби низ Македонија??? Си ги знае власта кои се“ – пишува таа.

Најнови вести