четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Николовски да не мачка путер во очите на јавноста, да каже колку народни пари потроши за приватни потреби во Дубаи“

„Николовски да не мачка путер во очите на јавноста, да каже колку народни пари потроши за приватни потреби во Дубаи“

Министерот за корупција Љупчо Николовски треба на јавноста да и одговори каков е тој продолжен викенд од 7 дена? Какви се тие приватни потреби на Николовски за да отпатува дури до Дубаи на продолжен викенд од 7 дена?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Бидејќи е државен функционер платен со парите на граѓаните, да каже колку чинеше неговиот престој во Дубаи, каде беше сместен и дали од Дубаи ја координираше акцијата за мачкање путер во очите на јавноста?, стои во партиското соопштение и се додава:

„Дали е свесен Николовски дека половина милион Македонци живеат во огромна сиромаштија предизвикана од огромната корупција пред која тој не само што замижува, туку и ја аминува? Николовски треба да одговори кога ќе си поднесе оставка како чин на морална одговорност?“.

Најнови вести