Генералниот секретар на СДСМ и шеф на Централниот Изборен Штаб на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Љупчо Николовски вечерва се заблагодари на сите кои излегоа да гласаат и ја направија македонската демократија да биде европска.
Истакна дека СДСМ до овој момент победува или има сигурно водство во овие над 28 општини.
-Пред ВМРО-ДПМНЕ убедливо водиме и во други македонски општини, каде што или немаат кандидати или водиме пред нив. Како што се Куманово, Долнени, Дебарца, Струга и многу други македонски градови, истакна Николовски.