четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ не можеше ниту да знае ниту да претпостави дека се подготвуваат настаните од 27-ми април

Се поставува прашањето зошто тие тоа го направија во тој период. Да не го направеле изборот во тие 2 саати тогаш надвор нема протести нема луѓе нема кој да влезе. Се поставува прашањето дали власта сакаше да си поигра со тие луѓе, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски, во гостувањето во „Само Вистина“.
Николовски: ВМРО-ДПМНЕ не можеше ниту да знае ниту да претпостави дека се подготвуваат настаните од 27-ми април

Во денешното гостување во „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски говореше за немилите настани кои се случија во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година.

-Она што е факт дека ВМРО-ДПМНЕ не можеше ниту да знае ниту да претпостави дека ќе се случи таков настан. Имаше 80 дена протести. Парламентарното мнозинство знаеше дека секој ден протестите се одвиваат помеѓу  5 и 7 часот . Се поставува прашањето зошто тие тоа го направија во тој период. Да не го направеле изборот во тие 2 саати тогаш надвор нема протести нема луѓе нема кој да влезе. Се поставува прашањето дали власта сакаше да си поигра со тие луѓе, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервјуто за „Само Вистина“

Во однос на луѓето кои се во притвор, Николоски рече дека јавноста станала суд. Според него секој коментира и секој ги толкува работите на свој начин и дека од тоа сме ја направиле државата гладијаторска арена. Тој смета дека дека се направило јавна судница или едно реалити шоу каде секој се служи со ниски страсти. Тој потенцираше дека досега никој не е прогласен за виновен и дека на крајот  на денот тие луѓе имаат достоинство и имаат семејства кои не го заслужуваат ова што им се случува и дека ова не е чесно спрема нив.

Во однос на тоа што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бил за време на настаните пред Собрание, Николоски ги повтори ставовите што веќе излегоа во јавноста а тоа е дека Мицкоски најпрво бил присутен во седиштето на партијата зошто во тоа време бил генерален секретар за подоцна да се упати накај ЕЛЕМ каде ја извршувал функцијата на директор, за подоцна да отиде пред Собрание каде му се приклучил на народот. Според Николовски тука нема никаква приказна во врска со овој настан.

Најнови вести